ВЕСТИРЕГИОН

Порака со предупредување за невреме испратена до жителите и туристите во северна Грција

СМС-порака со предупредување за силно невреме добиле денеска жителите од Солун, Лариса и други градови во северна Грција. Порака е испратена и до туристите што се наоѓаат во летувалиштата во овој дел од земјата.

Advertisements

Во пораката од Министерството за климатски кризи и цивилна заштита се наведува дека од раните утрински часови до пладне се очекува лошо време со дожд, град и грмотевици.

„За време на невреме и врнежи избегнувајте преминување на потоци пеш или со возило. Да се внимава при работа и активности на отворено. Треба да се избегнува поминување под големи дрвја и поставени знаци. Не држете ги вклучените електрични уреди или телефони. Избегнувајте допирање на водоводни цевки во кујна и бања, бидејќи тие се спроводници на струја“, се наведува во предупредувањето, пренесува грчкиот весник „Катимерини“.

Во предупредувањето се додава и дека доколку некој се најде на отворен простор за време на невремето, советот е да се стои подалеку од метални предмети, како што се автомобили, велосипеди или опрема за кампување, и дека ако некој е во морето, веднаш треба да излезе.

Според прогнозите, најголеми проблеми претпладне ќе има на Халкидики, северна Грција и соседните области, додека од пладне до доцна во ноќта појавите ќе се прошират на Фтиотида, Фокида и Виотија во централна Грција, до Атика, како и во регионите Коринтија и Арголис на Пелопонез.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button