ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Пораки за Денот на независноста – власта зборува за ЕУ, опозицијата за корупција

Пораки за Денот на независноста – власта зборува за ЕУ, опозицијата за корупција

Граѓаните на 8 септември 1991 година гласаа за уредна и просперитетна Македонија која сè уште ја немаме, нагласи во пораката за Денот на независноста, првиот човек на државата, Стево Пендаровски. Тој порача да има функционални институции, законите да важат за сите подеднакво и да се направат социјални реформи од кои корист ќе имаат граѓаните, а не само привилегираните лица.
Премиерот Ковачевски рече дека овој празник го дочекуваме како напредна земја со реални перспективи за членство во ЕУ.

Advertisements

Првиот човек на ВМРО, Христијан Мицкоски, рече дека овој ден е празник на надежта и борбата за Македонија, притоа подвлекувајќи дека обврска на партијата што ја предводи е заедно со народот да ја обнови и подигне државата од, како што тој рече, оваа апатија и темнина.

„Тие генерации сонуваа за напредок и горда земја која на достоинствен начин ќе биде рамноправен член на европското семејство. Но, тој сон избледе со текот на годините, така што особено денес истата генерација ги живее најтемните години од независноста, годините на криминалот, корупцијата која е се поприсутна, од власт на која личниот бизнис и е поважен од животот на обичен граѓанин“, изјави Христијан Мицкоски, ВМРО-ДПМНЕ.

За празникот 8 Септември низ државата се одржаа бројни активности.

Ајнур Бафќари

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button