
Поради лошиот старт на сезоната, Динамо Загреб, се обидува да ја засилат одбраната, а последните информации кои ги објавија хрватските медиуми велат дека Брендон Вилијамс е понуден на Динамо.
Станува збор за момче кое е слободен играч од ова лето по заминувањето од Манчестер Јунајтед, клубот во кој всушност израсна. 24-годишниот Вилијамс е роден во Манчестер и од свои осум години беше дел од славниот англиски клуб, прво во академијата, а од 2019 година во првиот тим на „ѓаволите“.

Тој е лев бек кој може да игра и на десната страна доколку е потребно, па сигурно би претставувал сериозно засилување за хрватскиот шампион. „Сините“ се натпреваруваат во Лигата на Шампионите, оваа сезона ја бранат двојната круна освоена минатата сезона во Хрватска, а за поранешниот млад англиски репрезентативец доаѓањето на „Максимир“ може да биде полн погодок.