МАКЕДОНИЈА
Поранешен пратеник на СДСМ, ја изгубил битката со ковид-19

Тале Герамитчиоски (59) , поранешен заменик-министер за образование и пратеник на СДСМ, починал синоќа, според информациите, од компликации од ковид-19.
Герамитчиоски, кој е роден и живееше во Прилеп, беше заменик-министер во периодот 2002-2006 година, во тогашната Влада на СДСМ, по што беше избран за пратеник, на изборите во 2006 година. Беше професор на Техничкиот факултет на Универзитетот во Битола.