
Според угледниот весник “Марка”, поранешниот шпански репрезентативец Рики Рубио до крајот на сезоната ќе биде дел од Барселона. Минатата недела тој се врати во Барса и почна да тренира со овој тим, а клубот ја искористи можноста да потпише договор пред крајот на преодниот рок во Евролигата.
Во договорот има клаузула според која двете страни можат да ја прекинат соработката во кое било време, но ова е добра опција за Рики Рубио да ја оживее кариерата и да се спаси од проблемите со кои се соочи последната година.
Претходните 13 години тој играше во НБА лигата каде смени неколку екипи (Минесота, Јута, Феникс и Кливленд), а најголемите успеси во кариерата ги оствари со шпанската репрезентација со која освои три европски и една светска титула./Sport1.mk/