ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Поранешен управен судија осуден на пет години затвор за злоупотреба на службената положба

Управниот судија М.Ш. денеска е осуден на пет години затвор за злоупотреба на службената положба и овластување. Судијата, претходно како адвокат, за роднини повел постапка за денационализација за имот од речиси 2000 квадрати, односно плажа во Струга и бил исплатен надомест, а во меѓувреме, станал управен судија и го земал токму предметот по тужба на роднините и им го вратил имотот спротивно на повеќе закони.

Advertisements

-Основниот кривичен суд Скопје, денеска на јавна расрпава, ја објави првостепенaта пресуда за предметот со КОК бр. 61/20 против обвинетиот М.Ш., судија во Управниот суд, за кој во 2019 година беше отворена истрага по сомнение за Злоупотреба на службената положба и овластување. Според сите изведени материјални и вербални докази на обвинителството и одбраната, а имајќи ги предвид сите олеснителни и отежителни околности, судот донесе пресуда со која обвинетиот М.Ш. го огласи за виновен за кривичното дело – Злоупотреба на службената положба и овластување по чл. 353 ст.5 в.в со ст.3 и в.в. со ст.1 од КЗ и го осуди на казна затвор во траење од 5 години, се наведува во соопштението на Кривичниот суд.

М.Ш. како адвокат ги застапувал интересите по Барање за денационализација на две лица, на чиј правен претходник му бил определен и исплатен надомест за земјиштето што било предмет на барањето за денационализација. Во меѓувреме, М.Ш. бил избран за судија на Управниот суд и во септември 2018 година за предметот за денационализација по кој постапувал во својство на адвокат, до Управниот суд била поднесена Тужба, а тој ја земал во работа.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button