ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Поранешни вработени во градинки и училишта силно го поддржуваат штрајкот

Поранешни вработени во градинки и училишта силно го поддржуваат штрајкот што го најави СОНК. Во анкета за Алсат велат дека овие професии се посебни, затоа платите треба да имаат континуиран пораст, а особено имплементацијата на колективниот договор. Тие дури искажуваат подготвеност да се грижат за децата дома доколку бидат побарани.

Advertisements

„Заслужуваат повеќе бидејќи тоа е голема заложба, јас 43 години работев во образование и знам колку е тоа обврска. Сега е уште потешко, поминавме малку поинаку време, сега е потешко“, поранешна наставничка

„Да ме прашаше некој од соседите, сигурно ќе се погрижев. Работата во градинка е голема одговорност, многу ми е жал за моите колеги. Негувателките стојат лошо со платите, сега дури и воспитувачите се во иста состојба, а да не зборуваме за техничкиот персонал”, поранешна воспитувачка

„Врз основа на цените, и живеењето и образованието стана тешко, верувам дека е правилно”, Граѓанка

“Во меѓувреме учениците се поделени околу тоа дали ќе одат на училиште во понеделник или не”, Граѓанин

„Ќе одиме, но наставниците нема да бидат во училница а без наставници часот не се одржува“, Ученик

„Ни рекоа да одиме на училиште во понеделник. Кој ви рекол? Класната и учителките. Нема да штрајкуваат? Не знам, не не информирале за штрајкот“, Ученик

„Дали ќе одиш на училиште во понеделник или не? Не знам, не сме сигурни, но верувам дека не”, Ученик

“Мислам дека ќе штрајкуваат но учителката се уште не не известила“, Ученик

Утре штрајкуваат вработените во градинките, основните и средните училишта за итно зголемување на платите за 18,4%. /Алсат.мк

Мелихате Рустеми

 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button