ВЕСТИМАКЕДОНИЈА
Поранешниот министер за економија Крешник Бектеши на информативен разговор во полициска станица

Алсат дознава дека во полициската станица Карпош во Скопје на распит е и поранешниот министер за економија, Крешник Бектеши.
Станува збор за доделување незаконски дозволи на предметниот објект.
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски претходно информираше дека МВР во координација со Јавното обвинителство до овој момент во врска со овој настан има осомничено повеќе од 20 лица, од кои 15 се во полициска станица.