
Македонскиот прволигаш Гостивар ангажираше нов тренер за пролетниот дел од сезоната во Првата лига.
Се работи за турскиот стратег Исмаил Аталан, поранешен тренер на Бохум, кој ќе го предводи тимот на гостиварци во новите предизвици. Аталан (43) доаѓа во Гостивар откако се раздели со Аланијаспор, каде беше асистент во стручниот штаб.
Претходно самостојно има работено во Бохум, како и во неколку германски нисколигаши, Халешер, Лоте, Роланд Бекум.