МАКЕДОНИЈА

Пораст на температурата, со нестабилно време

Невреме проследено со силен ветер, дожд и грмежи најавуваат метеролозите на одделни делови во недела попладне и во понеделник и вторник.

Advertisements

Од УХМР информираат дека за време на викендот и почетокот на иднава седмица ќе дува умерен повремено силен јужен ветер кој ќе придонесе да има пораст на температурата на воздухот. Во недела ќе има зголемување на облачноста, попладне ќе има услови за изолирана нестабилност. Во понеделник и во вторник на повеќе места ќе има појава на пороен дожд и грмежи.

Локално процесите ќе имаат форма на невреме со силен ветер (над 80км/час) и пороен дожд (над 20л/м2).

Во вторник температурата ќе опадне од 6 до 9 степени.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button