
Македонските прволигаши се подготвуваат за вториот дел од сезоната во домашното првенство, а порази запишаа Струга Трим Лум и Македонија Ѓорче Петров, додека Шкупи ремизира против унгарски Халадаш.
Поранешниот македонски шампион Шкупи одигра солиден меч против унгарската екипа, меѓутоа на крајот ремизираше без голови.
Македонија ЃП денеска беше поразен од Радомље со 0-2, додека Струга Трим Лум доживеа тежок пораз од Оренбург (1-5). На теренот излегоа и Силекс и Арсими, при што триумф оствари тимот на Александар Васоски со 4-1.