
Кристијано Роналдо и натаму нема намера да ја заврши кариерата. Португалецот наводно е во преговори да го продолжи својот договор со Ал Наср, и ќе потпише нов договор до летото 2027 година.
Легендарниот Португалец тогаш ќе има 42 години. Тогаш според сите прогнози и очекувања, ќе биде подготвен да стави крај на својата кареира. Роналдо во моментов има 38 години. Пред неколку дена во интервју кажа дека жали што порано не заминал во Саудиска Арабија, каде што, според неговите зборови, се чувствува како дома.
Според медиумите во Португалија, после кариерата планира целосно да се повлече од јавноста и да не се појавува повеќе јавно, со оглед дека долги години е експониран низ сите светски медиуми.