
Португалскиот фудбалер Жоао Марио се пресели од Бенфика во Бешикташ на едногодишна позајмица, соопшти вечерва клубот од Истанбул.
Марио (31) игра на средината на теренот, следната година ќе ја помине во Бешикташ, со можност за купување од Бенфика на крајот од сезоната.
Португалскиот фудбалер одигра 56 натпревари за националниот тим и постигна три гола.