Португалскиот предлог ставен на детални анализи

Португалскиот предлог за решавање на спорот меѓу Северна Македонија и Бугарија веќе е детално разгледан од надлежните во земјава, а во текот на оваа недела ќе продолжат состаноците посветени на предлог решенијата, за кои македонската страна вели дека ги зеле предвид очекувањата и на Скопје и на Софија.
Се интензивираат напорите изминатиот период за надминување на спорот и одржување на првата Меѓувладина конференција со Европската Унија во јуни за време на португалското претседателство. Шефот на португалската дипломатија Аугусто Сантош Силва и еврокомесарот за проширување и соседска политика Оливер Вархеји во петокот најпрво во Софија, а потоа и во Скопје ги презентираа предлог решенијата за спорот, но засега детали во јавноста не се изнесуваат, освен дека предлогот не задира во македонските идентитетски прашања, како и дека португалското претседателство водело сметка за двете страни.