МАКЕДОНИЈА

Посебен режим на сообраќајот во Скопје поради „Скопскиот маратон“

Посебен режим на сообраќајот во Скопје поради „Скопскиот маратон“

Поради одржување на трките од „Виз Ер Скопски маратон“, Одделението за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје денеска ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот на поширокото подрачје на град Скопје, при што сообраќајот ќе се пренасочува по околните сообраќајници, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Почетокот на трките е најавен во 07.30 часот, со следните траси на движење:
Траса на движење на трката од 5 км: Старт пред Собрание, право по ул.„11 Октомври“, лево по бул.„Крушевска Република“, десно по бул.„Трета македонска бригада“, па полукружно на крстосницата помеѓу бул.„Трета македонска бригада“ и ул.„Коста Новаковиќ“ и по истата траса назад до целта – Собрание на РСМ на ул.„11-ти Октомври“.

Траса на движење на полумаратонот од 21 км и штафетната трка на 42 км (со напомена дека за штафетната трка на 42 км натпреварувачите се движат два пати по наведената траса): Старт пред Собрание на ул.„11 Октомври“, право кон Плоштад Македонија низ Порта Македонија, лево по ул.„Никола Вапцаров“, десно по ул.„Димитрие Чуповски“, па лево по бул.„Св.Климент Охридски“, десно по ул.„Св.Кирил и Методиј“, право по ул.„Митрополит Теодосиј Гологанов“, потоа право по ул.„Војвода Васил Чакаларов“, сѐ до крстосница со ул.„Исаија Маџовски“, каде се врти полукружно назад по истата траса, сѐ до Собрание на ул.„11 Октомври“ и се продолжува право по ул.„11 Октомври“, лево по бул.„Крушевска Република“, десно по бул.„Трета македонска бригада“, лево по бул.„Србија“ (во спротивен правец), лево по бул.„Јане Сандански“ (во спротивен правец), сѐ до крстосницата со ул.„Јане Сандански“, каде се врти полукружно по истите улици до целта – Плоштад Македонија.

Од МВР апелираат сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите што ќе ги даваат униформираните полициски службеници по сообраќајницата каде ќе се одвиваат трките со цел безбедно и непречено одвивање на сообраќајот.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button