МАКЕДОНИЈА

Посебен сообраќаен режим во општина Илинден поради велосипедска трка

Посебен сообраќаен режим во општина Илинден поради велосипедска трка

Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека денеска од 12 до 16 часот во општина Илинден ќе има посебен сообраќаен режим поради одржување на велосипедска трка „Трофеј Илинден“ во организација на општината.

Advertisements

Припадници на Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе преземат мерки за пренасочување на сообраќајот по околните улици.

-Трасата на движење на учесниците на велосипедската трка за рекреативци ќе биде од спортска сала „Гоце Делчев“, по ул.„9“, ул.„8“ до целта – спортска сала „Гоце Делчев“, додека трасата на движење на учесниците на велосипедската трка за професионалци ќе биде од спортска сала „Гоце Делчев“ кон општинската зграда Илинден, преку надвозникот во населба Илинден кон Ајватовци, Мршевци, Дељадровци, Текија, Миладиновци, Кадино, Марино до целта – спортска сала „Гоце Делчев“, соопшти МВР.

Министерството апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите  на полициските службеници по сообраќајниците каде што ќе се одвива велосипедската трка.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button