ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Поштарите во Тетово работат голи и боси – без униформи и возила

Недостиг на персонал, униформи, па дури и поштенски пликови за клиентите. Во ваква состојба со години работи поштата во Тетово. Последен пат поштарите добиле униформи во 2008 година, па од куќа до куќа одат во цивилна облека, што е спротивно на законот. Од раководството на Тетовската пошта велат дека имаат големи потешкотии во работењето. Дополнително на тоа, граѓаните се жалат на малиот број вработени на шалтерите.

Advertisements

„Владата треба да најде решение за писмата да ни стигаат дома, како што се документацијата и писмата за децата што ги добиваме од странство. Но, целиот овој голем објект е празен, нема никој внатре. Се прашувам дали имаат некаква визија да се променат и да се движат со времето“, вели еден граѓанин.

„Да ви кажам право, ќе одам до следната пошта таму кај полицијата, тука има големи редици. Ова дефинитивно мора да се реформира, но нема шанси колку што гледам. Вака ќе тера овој систем. Дури и писмата не доаѓаат на време, ништо“, реагираат жителите.

Од Дирекцијата на Македонски пошти велат дека се запознаени со ваквата состојба во поштата во Тетово. Работеле на подобрување на условите.

„Во однос на униформите и превозните средства, за жал не сме и не можеме да им ги обезбедиме на поштарите поради состојбата во која ја најдовме оваа институција. Но, веруваме дека за краток период ќе имаме униформи за поштарите и транспортни средства. За жал, како институција во моментов немаме право, но ниту нашите барања за работници Министерството за финансии не ги зема предвид. Причината е што сме компанија која во моментов работи со загуба“, рече Дардан Исени, Македонски пошти.

Покрај недостигот на униформи и превозни средства за доставување на писма и разни достави, поштарите користат и приватни возила. Но, ова не е единствениот проблем. Во повеќето полошки села домовите немаат ниту броеви, ниту поштенски сандачиња. Затоа често пати писмата ги оставаат на купче во пекарниците или кафулињата.

Башким Сулејмани

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button