ВЕСТИМАКЕДОНИЈА
Поштенска марка и тркалезна маса за 20 години Рамковен договор

Универзитетот „Мајка Тереза” во Скопје денеска ќе организира тркалезната маса по повод 20 години од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор, на која ќе учествува и првиот вицепремиер и
министер за политички систем и односи меѓу заедниците Артан Груби.
По повод две децении од Рамковниот договор, АД Македонска пошта издаде поштенска марка, која денеска во Министерство за политички систем и односи меѓу заедниците ќе ја промовираат првиот вицепремиер Груби и директорот на Пошта, Јани Макрадули.