ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Поскапеа зејтинот, зеленчукот и овошјето

Цените на основните прехрамбени производи вртоглаво растат, граѓаните велат дека едвај во месецот ги покриваат трошоците. Маслото за јадење достигна цена од сто денари по литар, но повисоки цени има и на зеленчукот и овошјето. Цената на килограм домати во просек е сто денари, краставиците осумдесет денари, додека лимонот и портокалите шеесет денари.

Advertisements

„На нашиот народ од претходната година и оваа многу им е тешко, народот се плаши да троши и купува само она што е најпотребно за да може да поминува. Поскапено е цело овошје и зеленчукот.“

„Ниту се издржува со плати ниту со пензии. Се е поскапено во продавниците се е поскапено не само зејтинот, кило сирење стана 300 денари исто колку месо, месото стана поефтино од сирењето страшна работа.“

„Пандемијата ни ги зема и пензиите и платите ништо, тешко иде едвај од крај до крај, кога ќе дојдат белешките ЕВН, за интернет една четвртина од платата отиде таму. Шеќерот млекото се е поскапено.“

За синдикатите цените вештачки се зголемуваат и заради повисоките цени се зголемуваат и трошоците на граѓаните.

„Зголемувањето на потрошувачката кошничка е особено поради зголемените цени на основните прехрамбени продукти кои изминатиов месец неоправдано и вештачки се зголемуваат а со тоа се намалува куповната моќ на македонските работници. “

Од друга страна пазарџиите велат дека едвај имаат промет, на пазар граѓаните не одат како порано.

„Помалку граѓани доаѓаат не е како порано. Цените се исти ништо не е сменето.“

„Многу слабо, нема потрошувачка нема народ не излегуваат.Цените поскапени се, најмногу на доматите и пиперките.“

Цените на храната на глобалните пазари растат десет месеци по ред. Според оранизацијата за храна на ОН најголем раст има кај месото ,маслата, и млечните призводи.

Andrea Çobanova

 

 

 

 

 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button