Поскапиот бензни, ќе влијае и на цените на билетите во автобусите

Автобуските компании се трудат да ги задржат истите цени на билетите, но не знаат колку време ќе издржат. Со брзото поскапување на горивата, агенциите за меѓуградски транспорт велат дека изминатава недела работеле со загуба. Од дирекцијата на автобуската станица во Скопје велат дека доколку продолжи овој тренд ќе има колапс на јавниот превоз. Директорот Омерагиќ рече дека овој дневен ценовен шок ќе го оневозможи возењето автомобили и транспортниот товар ќе падне врз јавните автобуси.
Од Здружението на патнички превозници велат дека граѓаните треба да ги реорганизираат патувањата со автобус за секојдневни потреби внатре или надвор од градот, па затоа бараат субвенции.
„Испративме барање до Владата и до ресорното министерство за помош од државата. Очекуваме да не повикаат на состанокот за да ни укажат на проблемите на патничките превозници и да ни дадат предлог за решение“, велат од Здружението на превозници.
Од Владата велат дека ќе го разгледаат нивното барање. За неполн месец, цените на меѓуградските билети се зголемија до 20% на национално ниво. Во зависност од растојанието од 15 февруари, граѓаните платиле од 30 до 120 денари повеќе. Оттогаш горивото поскапе за околу 25 денари за литар. Низ 150-те автобуски линии кои во моментов се активни, според надлежните, дневно низ државата патуваат над 3.000 граѓани.
Аднан Ќаили