ВЕСТИЕКОНОМИЈАМАКЕДОНИЈА

Поскапите бензини може да ги зголемат цените на останатите производи

По синоќешниот метеж пред бензинските пумпи поради зголемените цени на горивата и километарските редици, денеска веќе сите ја прифатија новата реалност. Доколку надворешните влијанија не се променат, цените на горивата и натаму ќе уриваат рекорди.

Advertisements

„Помалку треба да се вози, не за едно кафе или за на Битпазар со кола, каде тоа. Нема да се намалува, како што е политиката нема да се намалува оваа економска криза“, велат граѓаните.

Повисоката цена на горивата, а особено на нафтата, може дополнително да ги поскапи производите кои граѓаните редовно ги купуваат. Причината е тоа што на фирмите ќе им се зголемат трошоците за транспорт.

„Сега стравуваме дека ако не се смени режимот наместо на неделно ниво цените да се објавуваат на дневно ќе имаме недостиг на енергенси, бидејќи веќе во Солун цените се многу повисоки од она што беше објавено од регулаторната комисија“, рече Ангел Димитров Организација на работодавачи.

Транспортерите се веќе во пресметки, колку новите цени ќе го поскапат транспортот. Не се исклучува можноста транспортерите да бараат од своите партнери авансно плаќање на превозот за да ги намалат загубите. Од Владата побараа да бидат вклучени во најавените мерки.

„Бараме субвенции кои ќе се исплаќаат на превозниците како краткорочна мерка, а со рефундација на дел од акцизата за комерцијални превози како долгорочна мерка за што искрено се надеваме дека ќе биде прифатено нашето барање со што би се ублажиле негативните влијанија од овој проблем“, велат од здружението „Макам-транс“.

Но, и покрај високите цени на горивата најголемиот дел од граѓаните денеска не ги оставија автомобилите паркирани. Нашата камера регистрираше огромен број на возила во кои има само еден патник, поточно само возачот. Од денеска бензините се поскапи за пет денари а дизел горивото за цели 10 денари.

Од владата соопштија дека засега нема намера да се откаже од акцизата и од другите трошоци кои државата ги добива од продажбата на горивата, се со цел да се намали цената за граѓаните. Од едно литро наточено гориво на бензинските пумпи за државата се резервирани над 40 отсто од цената на бензините или на дизел горивото.

Иле Петревски

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button