ВЕСТИЕКОНОМИЈАМАКЕДОНИЈА

Поскапувањата и годинава најголем проблем за граѓаните

Инфлацијата останува еден од најголемите проблеми со кои ќе се соочат граѓаните и во годината што е пред нас. Власта, бизнис секторот и Народната банка се на став дека Македонија како мала економија не може да влијае врз глобалните случувања, но со заеднички сили и со навремени мерки ударот од поскапувањата може да се намали. Од Стопанската комора велат дека никој не треба да очекува цените да се намалат со исто темпо со кое се зголемија. Но, очекувањата се дека цените годинава постепено ќе се намалуваат.

Advertisements

„Ние зборуваме за инфлација, а треба да зборуваме за базичната инфлација. Базичната инфлација е онаа инфлација која останува кога од вкупната инфлација ќе ги тргнете цените на храната и на енергенсите, тоа што останува е базичната инфлација. Во ноември лани во однос на ноември 21ва, вкупната инфлација е 19,5 проценти, а базичната инфлација е 9,5 проценти“, рече Зоран Јовановски, Стопанска комора.

Со ова бизнисот сака да каже дека вкупната инфлација не е резултат само на зголемувањето на цените на храната и енергенсите, туку има и многу други причини кои влијаат на намалениот стандард на граѓаните. Но, од Народната банка велат дека инфлацијата е секаде висока, но годинава ќе се стабилизира и нема да надмине 9 отсто.

„Колку мерката е нетаргетирана, од една страна делува побрзо, спречува раст на инфлацијата, но од друга страна има свои негативни импликации коишто значат дека, тоа го чини буџетот, сите држави тоа не може да си го дозволат и од друга страна не праќа вистински пазарни сигнали“, рече Анита Ангеловска – Бежоска гувернерка на Народната Банка.

Според пресметките на синдикатот, над 51 илјада денари тежи минималната потрошувачка кошничка за едно четиричлено семејство кај нас. Дури 45 отсто од оваа сума е за набавка на основна храна.

Иле Петревски

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button