ВЕСТИЕКОНОМИЈАМАКЕДОНИЈА

Поскапувањето на прехранбените производи сè повеќе ги загрижува граѓаните

Пазарниот инспекторат минатата недела изрекол неколку казни за трговци кои не ја почитуваат одлуката на Владата за ограничената маржа. Директорката на инспекторатот Анета Симовска, соопшти дека покрај за трговците кои продаваат прехранбени производи, казни им биле изречени и на фирми кои се занимаваат со продажба на дрва и пелети.

Advertisements

Но, граѓаните се незадоволни од мерките бидејќи според нив цените растат секој ден. Ја обвинуваат власта за неспособност.

„Цените се многу зголемени, луѓето се без работа, фирмите како фирми добро функционираат сами за себе и имаат свои профит“…

„Треба да се ограничат, да не им се дава слобода да прават што сакаат во оваа ситуација, мора да има ограничувања без разлика дали е тоа приватен сектор, да има ограничувања затоа што ова лошо влијае на населението. Ќе останеме со 500 илјади граѓани. Да се ангажира малку народот да не молчи. Сè додека молчиме, вака ќе биде“…

„Тука треба да се воспостави ред. Нема ред. Некој без врска си ги покачува цените. Некој поскапо, некој поевтино. Оризот некаде е 59, на друго место 79. Многу големи разлики во цените“, реагираат граѓаните.

Од власта велат дека не можат да наложат замрзнување на цените на храната додека Собранието не го донесе Законот за потрошувачи, кој треба да му даде поголеми надлежности на Пазарниот инспекторат.

Мефаил Исмаили

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button