СПОРТФУДБАЛ

После само осум натпревари, Ваљадолид му врачи отказ на Диего Кока

Шпанскиот клуб Ваљадолид, му врачи отказ на тренерот Диего Кока, после само осум натпревари на чело на тимот. Овој тим ги загуби последните пет натпревари, и остана на дното на табелата, што беше доволна причина за тренерска смена.

Кока беше назначен на 14. декември, со договор до крајот на сезоната, но победи само на еден меч со екипата. Привремено ќе го замени тренерот на вториот тим Алваро Рубио, кој ќе го води тимот вторпат сезонава.

Ваљадолир загуби на вкупно шест меча под „палката„ на Кока, вклучувајќи го и поразот изминатиот викенд од Севиља со 4-0. Тимот исто така беше елиминиран од Купот од третолигаш, и тоа беше доволна причина за отказ.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button