ВЕСТИЕКОНОМИЈА

Последен рок за аплицирање за финансиска поддршка за компаниите што инвестираа во тек на пандемијата


Утре истекува рокот за аплицирање на јавниот повик за финансиска поддршка за зајакнување на конкурентноста на деловните субјекти во пост-ковид периодот што е наменет за компаниите што инвестирале за време на пандемијата со коронавирусот Ковид-19.

Со повикот, кој е дел од третиот сет економски мерки за поддршка на економијата од последиците предизвикани од пандемијата, државата предвидува финансиска поддршка од вкупно 20 милиони евра за сите компании кои годинава и покрај пандемијата и економската криза продолжија да работат и да инвестираат во раст и развој на својот бизнис.

Јавниот повик беше објавен на веб-страницата на Министерството за економија на 12 јуни 2020 година и досега се пристигнати над 300 барања од компании.

 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button