ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Последна седница на Судскиот совет за годинава

Последната седница на Судскиот совет се одржа без негов претседател, а иако јавноста очекуваше до крајот на годината да се избере нов прв човек на Советот, сепак тоа не се случи. Денешната седница ја водеше потпретседателот Ханиф Зендели, а во неа за првпат учествуваа двајцата новоизбрани членови – судиите Аритон Ала и Данка Ристова. Меѓу последните одлуки на членовите на Советот за оваа година беше и поставувањето на в.д претседатели во судови во Кратово и Гостивар. За Апелациониот суд во Гостивар, Судски одлучи функцијата в.д директор да продолжи да ја врши судијата Беким Мехмеди.

Advertisements

„Сметам дека истиот ги исполнува условите и предлагам истиот да продолжи како в.д претседател на Апелациониот суд Гостивар од причини што е единствен кандидат, нема некои забелешки во неговата работа во овие четири години“, рече Зендели.

Советот одлучи и за в.д директор во судот во Кратово да го постави судијата Мирослав Георгиевски. Работата на Судскиот совет и натаму беше под лупа на јавноста, посебно откако извештајот за работата на Советот не помина во Собранието и беше проследен со низа на критики – од тоа дека се носат политички нарачани одлуки, па се до обвинувањата на премиерот дека во Советот се фалсификувале записници, за што МВР веќе отвори случај кој е во предистражна постапка.

Токму поради тоа што извештајот за работата не помина во Собранието, останува да се види дали пратениците ќе ја искористат законската можност и ќе побараат отповикување на членовите кои тие ги избрале – тоа пак, би можело да значи дека петмина судии ќе останат без свои позиции во Советот, но барем засега таа опција не е активирана. Во меѓувреме, новата 2025 година треба да ни донесе и целосно нов закон за Судски совет кој би требало да биде готов до јуни, а кој според експерти од Министерството за правда кои работеа на овие нацрт измени би требало да ја зголеми транспарентноста, но пред се и независноста на ова тело.

Михајло Донев

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button