ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

ПОСЛЕДНА ВЕСТ – Бугарија нема да го крене ветото во јуни!

Нема време до крајот на француското претседателство да се отвори Уставот на С. Македонија за во него да се впишат Бугарите како државотворен народ, што е едно од клучните барања на Софија, изјави бугарската министерка за надворешни работи Теодора Генчовска, пренесува БНТ.

„Реално, до крајот на француското претседателство со Советот на Европа, се сомневам дека моите колеги од Северна Македонија ќе можат да го отворат (Уставот) и да го завршат овој процес“, рече шефицата на бугарската дипломатија.

Инаку, Генчовска додаде и дека има „сериозни несогласувања“ меѓу бугарското МНР и тимот на советници за надворешна политика на премиерот Кирил Петков во однос на прашањето за евроинтеграциите и преговорите со Македонија.

Таа исто така додаде и дека сè уште нема документ меѓу земјава и Бугарија што би бил основа за договор.

„Речиси ниту една од другите четири точки од Планот 4 + 1 не е исполнето од страна на Скопје“, рекла Генчовска.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button