ВЕСТИМАКЕДОНИЈА
Последна вест/ Престрелката во Арачиново, еден починат
Последна вест/ Престрелката во Арачиново, еден починат
Татко и син се нападнати со огнено оружје во близина на нивната куќа, сред село. Според информациите кои АЛСАТ ги собра, еден од нив е починат, додека другиот е тешко повреден.
Неофицијално се дознава дека лицата кои отвориле оган врз таткото и синот биле меѓусебно познати. Се дознава дека биле нападнати од ауди во движење.
Според полицијата, лицата се идентификувани и се трага по нив. Според првите сомнежи, се смета дека главната причина е финансискиот долг, велат полициски извори.
Од полицијата го потврдија случајот, потенцирајќи дека околу 19:00 часот во Ургентниот центар „Мајка Тереза“ од рани со огнено оружје, биле донесени С.А. и А.А. од село Арачиново. Според соопштението, пукано е од автомобил „ауди“.