ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Последнава недела бројот на новозаболени со КОВИД-19 се намали за 26 проценти

Бројот на позитивни случаи со дијагностициран КОВИД-19 во текот на минатата недела се намали за 26,5%, соопшти Институтот за јавно здравје. Во периодот од 21 до 27 декември регистрирани се 3.372 позитивни случаи во 35 градови. Повеќето од нив во Скопје, 42,4% или со неделна инциденца од 231 пациент на 100 илјади жители. Изминатава недела биле извршени 13.123 тестови или 15,9% помалку од седмицата претходно.

Advertisements

Намалувањето на бројките е резултат на почитувањето на превентивните мерки, велат од Институтот за јавно здравје. Директорот Мемети ги повикува граѓаните да не се релаксираат и да не предизвикаат нов бран на пандемијата пред да започне вакцинирањето.

„Со непочитувањето на мерките и протоколите може да се врати бранот во периодот јануари, февруари и март. Прославете сите со одредените протоколи, не се собирајте во групи кои можат да бидат основа за ширење на вирусот. Јавното здравје мора да биде заштитено, пред сè здравјето треба да биде приоритет отколку прославата на одреден настан“, рече Шабан Мемети, директор на ИЈЗ.

Според новиот алгоритам, евидентирани се 4.500 пациенти како излекувани во рок од една недела. Дел од нив биле хоспитализирани, а дел на домашно лекување. Смртноста исто така опадна за 18,9%.

Аднан Ќаили

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button