МАКЕДОНИЈА

Последни подготовки пред почетокот на работа на градинките


По шестмесечна пауза, градинките ги прават финалните подготовки за прием на деца. Се дезинфицираат занималните, кујните, работните површини и играчките. Во дел од објектите се отстрануваат теписите и паркетот и се поставува ПВЦ под, поотпорен на бактерии. Од општина Карпош ангажирале и компанија за деиззнсекција и дератизација на сите 11 објекти.

„Играчките се дезинфицирани, сместени на места, ќе се намали бројот на достапни играчки и ќе се ограничи само на играките што можеме да ги дезинфицираме после секоја употреба. Употребените играчки ќе се ставаат на специјално означени места кои ќе се дезинфицираат секојдневно“, рече Лидија Настевска – в.д. директор на ОДГ „Распеана младост“, општина Карпош.

Во градинката „Распеана младост“ вкупно има 207 деца. Но, првично ќе бидат згрижени околу половина од нив. Секоја група ќе има посебен термин за прием на децата, низ двата влеза, каде задолжително ќе се мери температура.

„Некаде околу 108 дечиња во моментот имаат доставено пријави со тоа што самохраните родители имаат предност, еве денеска во овој момент ми се јави родителка која не била во Македонија летниов период, а која е самохрана, и тоа дете ќе биде приклучено значи“, додава Настевска.

Градинките почнуваат со работа в среда, а од опозициската ВМРО ДПМНЕ денеска побараа згрижувањето на децата во граадинките да биде бесплатно. Според податоците на Министерството за труд и социјала од вкупно запишани 29 илјади деца, првично ќе бидат згрижени 14 500. Сппоред протоколот, „јаслите“ не смеат да надминат група од шестмина, додека децата на возраст од 2 до 6 години ќе се згрижуваат по максимум 15 во една група. Предност имаат самохраните родители и семјествата каде двајцата родители не можат да работат од дома.

Алсат

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button