ВЕСТИ

Последните дождови во Полог го зголемија стравот од поплави

Последните дождови во Полог го зголемија стравот од поплави

Последните дождови во Полог ја зголемија загриженоста за жителите на Речица, Порој и Шипковица, населени места кои во изминатиот период беа најмногу погодени од поплави. По поплавите надлежните ги враќаат патиштата во нормала, но она што ги загрижува жителите е што нема долгорочно решение на проблемот.

“Опасноста е повторно тука. Патот го направија, но ако повторно има обилни врнежи од дожд бекатонките повторно ќе ги извади. Беше градоначалникот, имаше проект, но рече дека чини 600.000 евра, а нема толку бидејќи требало да се изгради коритото. Проблемот е ист. Сè уште постои ризик од поплави”, рече еден  жител.

“Како да кажам, немаше многу вода, но повторно се плашиме дека секогаш сме во опасност. Тука мора да се направи каналот, прво каналот, потоа патот. Ова не е решение, тие горе се повторно во опасност”, додаде друг жител.

Истото се случува и на други критични точки, како што е мостот меѓу селата Шипковица и Бродец. Последните поплави го наполнија коритото и се блокираше патот.

Проблемот не е само кај институциите, туку и кај дел од жителите. Инвестициите против поплавите во горниот дел на Шипковица од страна на Швајцарија и УНДП извадија на површина многу аномалии, како што се неконтролирано уништување на шумите и фрлањето отпад во коритото на реката. Тоа го нагласи и амбасадорката на Швајцарија.

„Решението е многу сложено и тешко, но наоѓањето вистинска рамнотежа со природата може да биде одговор за заштита, особено преку активности со засадување дрвја и пошумување. Тоа може да биде превенција од поплави и одрони за заштита на нашите животи и оние кои беа изгубени во 2015 година. Треба да има повеќе дрвја и повеќе да се грижиме за нашето добро и за доброто на природата“, изјави  Вероника Улман Амбасадорка на Швајцарија.

Истото се случи и со реката меѓу селата Шипковица и Бродец. Иако реката наводно беше исчистена, со првите дождови повторно се блокира и ги донесе овие наноси. Апелите на амбасадорката овде во Шипковица дека повеќе треба да се грижиме за природата и да не фрламе отпад затоа што така настануваат поплави и одрони, изгледа беа игнорирани.

Општината и Министерството за екологија ветија поставување контејнери и отстранување на отпадот, но до тоа сè уште не дојде. Дотогаш реките повеќе личат на гробишта за автомобили, мебел и пластика./Alsat.mk

Башким Сулејмани

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button