СПОРТ

Последното АТП рангирање, Синер пред Ѓоковиќ и Алкараз

Италијанскиот тенисер Јаник Синер е и натаму водечки со убедлива предност, која дополнително ќе се зголеми по финалето во Синсинати, без оглед на исходот.

Advertisements

Лидерот на поредокот има 9.410 поени. На второто место се задржа Новак Ѓоковиќ кој има 7.460 поени, само 100 повеќе од Карлос Алкараз. За среќа на cрбинот, шпанскиот ас потфрли во Синсинати и нема да го преземе неговото место.

На четвртата позиција е Зверев, па следат руските асови Медведев и Рубљев пред Хуркач, Руд, Димитров и Де Минер.

Кај дамите убедливо води Ига Швјонтек пред Коко Гоф, но на следното рангирање на второто место ќе скокне Арина Сабаленка. Во Топ 10 се и Рибакина, Паолини, Пегула, Женг, Сакари, Крејчикова и Колинс.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button