ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Последователните настани како што се трагедијата во Кочани, уличните убиства и бројните несреќи го зголемуваат стравот кај граѓаните

Последователните настани како што се трагедијата во Кочани, уличните убиства и бројните несреќи го зголемуваат стравот кај граѓаните

Трагедијата во Кочани, и секојдневните вести за убиства и несреќи ги вознемируваат граѓаните и предизвикуваат чувство на страв. Според социологот Али Пајазити, граѓаните не се чувствуваат безбедно, а оваа ситуација е резултат на погрешната политика, економската криза, и други фактори.

Advertisements

„Општата атмосфера е последица на контекстот создаден од политиката, економската криза, медиумите, социјалните мрежи кои постојано генерираат насилство и кое потоа се рефлектира во нашето секојдневие“, рече Али Пајазити – социолог.

Според Пајазити, за оваа ситуација се виновни и социјалните мрежи, кои за уште еден клик не ги штедат ниту жртвите од несреќите, споделувајќи ги без никаква цензура.

„Оваа ситуација и овој контекст зборуваат за психолошка, културна и етичка деградација, за милитантност на малолетната популација, за стресна состојба, што се одразува во контактот и комуникацијата со другите“, рече Али Пајазити – социолог.

Во однос на жртвите одд сообраќајни несреќи и на овој план нема подобрувања. Иако Министерството за внатрешни работи ги засили проверките и казните против оние кои не ги почитуваат сообраќајните правила, бројот на несреќи не се намали.. Според анализата, во двата месеци пред 29 јануари, кога Фросина Ќулакова беше прегазена, се случиле 26 сообраќајни несреќи во кои жртвите претрпеле полесни или тешки повреди. Додека два месеци по несреќата во Фросина, иако Министерството за внатрешни работи ги зголеми проверките, бројот на несреќи се зголеми на 34./Алсат.мк

Авни Тахири

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button