ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Постапката за предлог законот за лични карти се очекува да започне следната недела

Следната недела започнува разгледувањето на нацрт-законот за лични карти предложен од Движењето Беса. Од оваа партија велат дека текстот на законот е усогласен со коалициските партнери и другите парламентарни партии.

Advertisements

Кастриот Реџепи, пратеник на Движењето Беса : „Во консултациите со политичките партии, се приближија ставовите. Очекуваме следната недела да се врати на матичнaта комисија за да се создадат услови за продолжување на пленарната сесија “.

Законот е поддржан и од опозициските партии Алијанса за Албанците и Алтернатива. Иако не ја потпишаа иницијативата на Беса, поддршка понудија и од владејачката албанска партија ДУИ. Од СДСМ велат дека текстот на законот е разгледан во рамките на пратеничката група. Од ВМРО-ДПМНЕ рекоа дека ставот ќе го соопштат кога ќе се отвори дискусија во партиските тела. Предлогот предвидува графата за етничка припадност да се стави во личните карти, додека треба да се одреди и времето за спроведување на законот, бидејќи истиот треба да биде во согласност со тендерските постапки на личните карти од страна на МВР, и промената на формуларот . Во Собранието паралелно се очекува да се разгледаат двата закона предложени од Владата, тој за личните карти и предлог законот за патни исправи, одредби со кои треба да се  регулираат личните документи со новото уставно име.

Адријан Керими

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button