ВЕСТИРЕГИОН

Постигнат договор денеска да почне отстранувањето на барикадите на северот на Косово

Претседателот на Србија Александар Вучиќ синоќа изјави дека со Србите од северот на Косово е постигнат договор денеска во утринските часови да започне отстранувањето на барикадите. Зборувајќи по средбата со претставници на Србите од северот на Косово во воената касарна „Стефан Немања“ во Рашка, Вучиќ рече дека „отстранувањето на барикадите не е едноставно и не може да се отстрани за два часа“. „За 24 или за 48 часа барикадите ќе бидат отстранети, но недовербата не е отстранета“, рече Вучиќ.

Advertisements

Тој рече дека „имал разговор со претставниците на Србите што не бил лесен“, но дека пресудно е тоа што добиле гаранции од САД и ЕУ, односно „документи што значат во формално правна смисла“. „Мораме да им веруваме на овие луѓе (САД и ЕУ) дека ќе го почитуваат она што го кажале. Ако тоа не се случи, вашата земја ќе биде со вас, а јас лично со вас. Ако почнат да апсат Срби поради барикадите, ќе имате после тоа поддршка“, рече Вучиќ.

 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button