ВЕСТИМАКЕДОНИЈА
Постоечките рестриктивни мерки остануваат во сила уште една недела?

Рестриктивните мерки воведени пред две недели остануваат на сила и во следните седум дена, дознава неофицијално Алсат. Одлуката е донесена утрово на Главниот координативен кризен штаб, по предлог на Комисијата за заразни болести.
Предлогот за мерките треба да биде усвоен на утрешната владина седница.
Со последните рестрикции, воведена беше забрана и за работа на сите обложувалници, како и сали наменети за вежбање, а се забрани и организирањето на секаков вид семинари и конференции.