ВЕСТИМАКЕДОНИЈА
Постои ли иницијатива за промена на државниот грб? Еве што вели премиерот Мицкоски

Ценам дека хералдичкиот симбол на земскиот лав е симбол на сите оние генерации коишто живееле на овие простори. Дали постои општествен консензус за тоа? Од ова што го видовме во јавноста очигледно не постои, рече во своето вечерашно гостување во дневникот на Алсат премиерот Христијан Мицкоски.
Мицкоски додаде дека размислува за промена на грбот, но официјална иницијатива за тоа, од страна на владата се уште нема.
Запрашан дали би прифатил евентуална промена на државниот грб во пакет со промена на државната химна и формучацијата 20% за јазикот, Мицкоски вели:
„Не можам јас да прифаќам пакети или да не прифаќам, кога таква тема не е ставена воопшто на маса да се разговара или била предмет на разговори“, рече Мицкоски.