МАКЕДОНИЈА
Постои ли закана за нас од војната во Украина? Еве што вели директорот на Агенцијата за разузнавање

Првиот човек на Агенцијата за разузнавање, Еролд Муслиу, во своето вечерашно гостување во емисијата „360 Степени“ на Алсат, запрашан дали има директни безбедносни закани за нашата земја од војната во Украина, вели:
„Од конвенционална закана, не. Затоа што конфликтот е далеку, но сепак, ние сме членка на НАТО. Од запад, од југ и од исток граничиме со држави коишто се, исто така, наши сојузници во НАТО. На север е Србија, којашто е воено неутрална држава. Го имаме и Косово, каде што е огромно присуството на КФОР. Индиректно, дефинитивно, постојат закани. Тоа се хибридните закани“, рече Муслиу.