СПОРТ

Постои можност за “активирање” на Нурмагомедов на УФЦ 300?

Хабиб Нурмагомедов пред неколку години се повлече од спортот, но сега се шпекулира дека на спектакуларен начин би можел да се врати од пензија.

Advertisements

Поранешниот борец Чејл Сонен објави дека постои можност за враќање на легендарниот борец од Дагестан на настанот УФЦ 300, кој ќе се одржи на 13 април во Лас Вегас. Според шпекулациите, Нурмагомедов би се борел против шампионот во велтер категорија до 77 килограми, Лиион Едвардс.

Нурмагомедов не се бори од 2020 година, кога во Абу Даби ја имаше последната борба против Џастин Гејџи, а во кариерата оствари 29 победи и ниту еден пораз./Sport1.mk/

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button