Потпишан договорот за интерконекторот кон Грција

Министерството за енергетика, операторот на системот за пренос на гас „Номагас“ и „Рапид Билд“ од Куманово денеска го потпишаа договорот за изградба на гасоводот кон Грција.
„Рапид Билд“ ќе треба да го изгради гасоводот за помалку од 2 години, бидејќи во 2027 година кога треба да биде пуштен во употреба. Ангел 1 Македонија започнува со изградба на гасовод кон Грција. Македонскиот дел од гасоводот е во должина од 68 километри и трба да се поврзе со грчката страна.
Гасниот интерконерконектор ќе го гради македонска фирма која понудила цена пониска од 12 милиони евра во споредба со останатите компании.
„Со потпишување на овој договор на македонскиот дел од гасниот интерконектор го означуваме почетокот на најголемата енергетска ивнестиција во изминатите 10 години се работи за 68 километри модерна инфраструктура што ќе не поврзе со Грција. Меѓутоа многу поважно е дека ќе ја поврзе нашата земја со европските енергетски пазари и вредности“, рече Сања Божиновска – министерка за енергетика.
Извршниот директор на Номагас, Мухамет Елмази, вели дека со овој договор се обезбедува поголема достапност до извори на природен гас, економски развој и напредување и заштита на животната средина.
„Со овој договор се обезбедуваат диверзификации и достапност до повеќе извори на природен гас, се обезбедува економски развој, напредување и заштита на животната средина, се придонесува кон безбедност на снабдување со енергија како и транзит на еден од најважните енергетски резсурси и капитал за иднина на енергијата“, вели Елмази.
Изградбата на овој конектор ќе трае 22 месеци, а се очекува да биде ставен во функција во 2027 година. Од компанијата која ќе го гради гасоводот, велат дека ќе го завршат навремено и дека нема да има прологнирање на рокот, додаваат дека опремени се со сите потребни материјали, за сите фази.
Ангел Димовски