ВЕСТИМАКЕДОНИЈА
Потпишан меморандум за соработка помеѓу„МинтИНС“ и специјализираната компанија за помош и исплати на штети „Интердоместик“
Потпишан меморандум за соработка помеѓу„МинтИНС“ и специјализираната компанија за помош и исплати на штети „Интердоместик“

За прв пат во Македонија е потпишан меморандум за соработка помеѓу посредникот за осигуривање „МинтИНС“ и специјализираната компанија за помош и исплати на штети „Интердоместик“. Ова е иновативна соработка и значи дека клиентите кои имаат каква било полиса за осигурување во „МинтИНС“ ќе добијат членство во „Интердоместик“, со што ќе им се обезбеди сеопфатна помош што го олеснува добивањето на компензација за сите видови штети.
Претставниците на страните потписнички оценуваат дека оваа соработка ветува позитивно влијание на пазарот и подобри услуги за сите осигуреници.