
Девојка има потрошено мало богатство на костими и перики за да се претвора во Дизни принцези. Сара Ингл поседува 17 различни аутфити и 16 перики кои ја коштале 14.000 долари за да може да се трансформира во Пепелашка, Ариел, Аурора, Снежана, Бела или Елса и Ана од „Frozen“.
25-годишната девојка, која работи како маркетинг менаџер, вели дека за секоја трансформација ѝ се потребни по 3 часа за облекување и шминкање. „Родена сум со навистина големи очи и луѓето отсекогаш ми велеле дека изгледам како цртана кукла или Дизни принцеза. Претпоставувам дека моите големи очи ми помагаат за да изгледам повеќе како цртан лик. Имам кафеаво-зелени очи, па морам да носам сини леќи за Малата сирена и Елса од Frozen“ – вели таа.
Преобразбите на Сара биле толку многу успешни, што нејзиниот сакан започнал бизнис наречен „Princess Ever After“. Сара често е ангажирана за родендени и детски забави, но и често доброволно посетува детски болници и старски домови за да ги радува болните.