МАКЕДОНИЈА

Потрошувачите да си одберат матичен пчелар, како што имаат матичен лекар или фризер

Сертифициран, оригинален мед, полен, матичен млеч, прополис, природна козметика од мед и опрема, се само дел од производите што ги нуди Пчеларскиот саем во Скопје.

Advertisements

Саемот почна денеска, а ќе трае до недела. Штандовите на производителите се поставени на Плоштадот „Македонија“ кај Камениот мост.

Пчеларите апелираат, посетителите да дојдат и да дегустираат, па ако им се допадне медот, да си одберат матичен производител. Тоа е, велат, клучно ако сакаат да бидат сигурни дека купуваат вистински мед.

Оценуваат и дека годинава е слаба во однос на производството, но одлична според квалитетот на медот. Од поддршката што им ја дава државата се генерално задоволни, но се уште голем проболем, сметаат, се фалсификаторите.

Цената на медот се движи околу 700 денари, а саемската е 650.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button