ВЕСТИЕКОНОМИЈАМАКЕДОНИЈА

Потрошувачката кошничка зголемена за 15.000 денари

Потрошувачката кошничка зголемена за 15.000 денари

За една година потрошувачката кошничка за едно четири члено семејство е повисока за речиси 15 илјади денари. Во февруари за набавка на основните човечки потреби биле неопходи 50 909 денари. Во однос на јануари трошоците биле зголемени за 110 денари. Повторно најмногу пари на граѓани им се потребни за набавка на храна, и тоа нешто над 19 илјади денари. Потоа следуваат трошоците за плаќање на подмирување на режиските трошоци, за превоз, за здравствени услуги, посета на културни манифестации, и набавка на некое парче облека.

Advertisements

Храна и пијалоци 19 379 денари
Сметки 13 306 денари
Превоз ( јавен ) 3 679

Граѓаните кои ги анкетираше Алсат велат дека и покрај владините мерки храната се уште е многу скапа, но полека почнува да се чувствува намалувањето на дел од прехранбените производи.

„Па да ви кажам исти се цените, нема домат од 70 денари или краставица се е поскапо“,рече еден граѓанин.

„Кога ќе ти качам 200 посто ќе ми намалиш пет денари, има ли тука правда? “, додаде друг.

„Јас сум забележал тоа што го купувам, најосновните, намалување има кај шеќерот, гравот, макароните, лебот“, нагласи друг граѓанин.
Има ли влијание некое?
„Малку, ама влијае, колку толку влијае, ако не друго ни дава некоја утеха“, рече граѓанин.

„Два килограми портокали еднакво на еден килограм кромид, тоа е просто неверојатно, а ние сме земјоделска земја. И кога прашав како може кромидот да е кај нас 90 денари или 100, ми викаат госпоѓо нема кој да работи, нивите се празни“, нагласи друг граѓанин.

А државниот завод за статистика објави дека цените на мало во март во однос на февруари се намалени за незначајни о,1 отсто.

Инфлацијата во март е на ниво од 15 отсто, повторно трошоците за храна се највисоки кај домаќинствата и се 20 отсто повисоки за една година, лебот, месото и млечните производи во март годинава во однос на истиот месец лани пак се поскапи за речиси 30 отсто.

Владата сега се обидува со замрзнати цени да ја стабилизира инфлацијата и да ја подобри куповната моќ на граѓаните. Оваа мерка дојде како воведување на казна за прехранбениот сектор кој од државата потроши еден и пол милион евра за субвенционитена поевтина струја и не го испочитува договорот со властите да ги намалат крајните цените за граѓаните./Алсат.мк

Иле Петревски

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button