Потврден четвртиот случај на делта сој во Македонија! Се чекаат уште неколку резултати

Лице од Велес четвртиот пациент кој е заболен со делта сојот на коронавирусот во Македонија. Уште четворица пациенти се испитуваат и се чекаат резултатите кои ќе потврдат дали и тие се заразени со индискиот сој, соопшти денеска министерот за здравство Венко Филипче.
„Ниту велешанецот, ниту четворицата пациенти за кои се чекаат резултатите не се вакцинирани. Пациентот во Велес засега е со лесна клиничка слика, а за другите пациенти се чекаат епидемиолошките анкети. Само еден од овие лица е со потешка клиничка слика“, рече денеска Филипче.
Тој додаде дека се планира нов состанок на Комисијата за заразни болести во однос на рестрикциите на границите иако засега само Грција бара потврди и ПЦР тестови, но таму има и најголем пораст на заразени од делта сој.