ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Потврдено, македонска дипломатка од ОН пронајдена мртва во Њујорк

39 – годишна жена со иницијали М.В. од Скопје е македонската дипломатка која беше пронајдена мртва во стан во Менхетен, Њујорк. Полицијата се сомнева дека станува збор за самоубиство, бидејќи во нејзината куќа пронашле лекови, главно седативи. Дипломатката живеела сама во станот на четврти кат, а соседите ја опишуваат како тивка жена.

Advertisements

Случајот е откриен откако, според очевидци, дошол еден дипломат и се распрашувал за неа и во моментот кога не добил одговор, побарал интервенција на полицијата и Брзата помош. Според информациите на Њујорк Пост, веднаш после брзата помош во станот на 39 годишната жена пристигнал еден македонски дипломат.

Неофицијално, дипломатката долго страдала од депресија пред да стави крај на својот живот. Од македонското Министерство за надворешни работи го потврдија случајот, наведувајќи дека тие се во постојана комуникација со надлежните институции во САД за детали во врска со трагичниот настан.

„Од постојаната мисија на Северна Македонија во Обединетите нации во Њујорк ја примивме тажната вест за загуба на член на нашата мисија, дипломат од кариера во Министерството за надворешни работи“, нагласија од Министерството за надворешни работи.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button