
Повеќе од 10 лица се повредени откако експлодирала граната во кафе бар во градот Гренобл во југоисточна Франција.
„Најостро го осудувам криминалниот чин на насилство без преседан што се случи во продавница во областа Олимписко село, што предизвика повеќе од 10 повреди, од кои неколку сериозни“, рече градоначалникот на Гренобл, Ерик Пиоле во објава на социјалните мрежи.
Обвинителот Кристоф Барет изјави дека напаѓачот поседувал автоматска пушка од типот калашников, која не била употребена.
Точните околности на злосторството првично беа нејасни, но властите засега изклучуваат „директен терористички напад“, изјави заменик-обвинителот Франсоа Туре де Куси на местото на експлозијата.
Сторителот кој сè уште не е идентификуван ја фрлил гранатата во шанкот, а потоа побегнал.