
Британските власти уапсија повеќе од 1000 луѓе по немирите, кои вклучуваа насилство, палење и грабежи, како и расно мотивирани напади врз муслимани и мигранти, објавија британските медиуми, повикувајќи се на соопштение на полицијата во Велика Британија.
Немирите што уследија по убиството на три девојчиња во северниот англиски град Саутпорт започнаа по нападот на 29 јули, за кој погрешно беше обвинет муслимански мигрант врз основа на дезинформациите што се шират на интернет.
Насилството избувна во многу градови низ Англија, како и во Северна Ирска, но судирите со органите на редот сега се помалку од минатата недела, бидејќи полициските напори да ги идентификува инволвираните земаа замав.