ЕКОНОМИЈА
Повеќе од 160 милиони евра за гасниот терминал Александрополис во Грција

Европската Комисија додели 166,7 милиони евра, за изградба на гасниот терминал Александрополис во Грција во чиј склоп е и гасна централа за производство на електрична енергија. Очекувањата се дека до 2023 година овој гасен терминал, како и гасната станица да бидат пуштени во употреба. Во изградбата на гасниот терминал претходната година зема учество и Македонија која треба да вложи 380 милиони евра, а за возврат да добие 25 отсто од сопствеништвото на централата која ќе произведува електрична енергија. Терминалот според планот ќе ги снабдува земјите од Југоисточна Европа со природен гас.