ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Повеќе од 20 години во Тетово нема социјални станови

Повеќе од 20 години во градот Тетово, државата нема изградено социјални станови, и покрај тоа што има над 150 барања за социјални станови. Околу 30 семејства во населбата Красниќи во Тетово живеат како во гето. Жителите се жалат дека цените за изнајмување на станови се зголемуваат сè повеќе и стануваат недостапни. Бараат од државата и општините итни мерки за изградба на социјални станови.

„Многу луѓе живеат во екстремна сиромаштија, тука имам сосед кој плаќа 150 евра за кирија, а за храна не му останува ништо. Многу станови на печалбарите се празни, но не се користат. Треба да имаме социјални станови, мора да ги имаме. Јас примам 17.000 денари пензија, двајца члена и трошампо 80 евра месечно само за лекови за жената“, велат жителите.

Од Министерството за транспорт (МТ), вината за недостигот на социјални станови во Тетово ја префрлаат на општината, која, според нив, нема издвоено простор за изградба на социјални станови.

„За потребите на граѓаните на една општина, се грижи општината, советот и градоначалникот, така да иницијативите треба да дојдат оттаму. Ако некоја општина сака да и се помогне, треба да побара да даде свои идеи и проекти за да можеме да и помогнеме без разлика за која општина станува збор. “– велат од Министерството за транспорт и врски“, наведуваат од МТ.

Градоначалникот на општина Тетово, Билал Касами за Алсат изјави дека се работи во таа насока, најпрвин на изработка на детален урбанистички план, а потоа и за местото каде што ќе се градат социјални станови.

„Сè уште постои проблем што го наследивме во општина Тетово, така што сè уште сме во фаза на потпишување на договорот со Министерството за изработка на генералниот урбанистички план, а потоа да продолжиме со деталните урбанистички планови. За жал, немаме детален урбанистички план на локациите каде што има државно земјиште што може да му го понудиме на Министерството. Интензивно работиме и има неколку локации. Една од нив е онаа кај населбата Красниќи,за која треба да составиме детален урбанистички план и потоа да го понудиме на Министерството за изградба на социјални станови”, вели Касами.

Повеќе од две децении државата во градот Тетово нема изградено социјални станови. Ова е затоа што градот никогаш нема доделено простор за градба како резултат на недостатокот на детален урбанистички план. Последно кога се доделени 40 сместувања наменети за двојки со ниски приходи е во овој блок и се случи во 2008 година, но не со изградба на социјални станови, туку со купување на станови за двојки со ниски приходи.

Башким Сулејмани

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button